Можеби сте ја слушнале, можеби ја знаете старата поговорка: „Село гори, баба се чешла“. Ова народски е кажано, но е сосема точно, конкретно и јасно ја дефинира состојбата во македонскиот здравствен систем, во македонското здравство, во неговите институции.

Ден Дончев, директор, менаџер или само фигура во ФЗОМ, ќе се види, времето ќе покаже, тој пред некој ден излезе со обвиненија дека министерството за здравство на чело со министерот Венко Филипче, не обрнуваат внимание на состојбата во здравството, дека има подобри услови во кланиците во швајцарија отколку во операционите сали во Македонија. Продолжи со обвинувања дека нема соодветни услуги, јадењето е оскудно продолжи да ги дефинира и изнаоѓа проблемите во другите институции додека за неговата матична институција, ФЗОМ ништо не посочи изгледа видот му е ослабен на блиску само надалеку гледа и тоа го прави јавно преку медиумите како критики упатени кон МЗ.

Министерот Венко Филипче, ваквите работи ноншалантно ги прифаќа, воопшто не ги верификува и си продолжува со работата, замина на службен пат, не се знае каде, меѓутоа битно не е достапен. Нашата екипа исто така проба да стапи во контакт, да побараме термин да закажеме средба, да поставиме неколку прашања, меѓутоа не бевме удостоени ниту со одговор дека не ни е прифатено барањето, не дај боже со термин за интервју.

Во меѓувреме, шефот на кабинет, Дејан Блажевски поднесува оставка во најава, колешка на Дејан, Бојана Атанасовска гледа можност да влета на таа позиција на која може од поодамна и „фрлила“ око. Министерот реагира од службениот пат со допис дека ќе се врати ќе разговара со Дејан, не сака тој да напушти.

Здружението на матични доктори, посочува дека наскоро во македонија матичен лекар ќе биде среќа да се најде, ги нема и почнуваат да се ретчат и нивните редови, но и за тоа министерот „седи на уши“ во моментот не е тоа со приоритет.

Од друга страна се збори дека министерот во неговиот кабинет ќе вработи советници, бара млади луѓе кои треба да помогнат во здравството, да му помогнат на министерот да може да го води некако барем министертвото што му е доделено, а не вака да се бори со предизвиците кои ги носи секој ден на оваа позиција.

Едноставно народот, граѓаните на РМ, пациентите низ републикава, се изнагледаа еден куп драматични ситуации и престави кои да се случеа на било кого, нормално ќе се загрижи, ќе се врати каде и да е, ќе гледа да ги среди работите и нема да дозволи да се дивее и да не го стави под контрола министерството. Меѓутоа, тоа не е случај со сегашниот Министер Венко Филипче, тој вешто ги избегнува ситуациите каде е непријатно и во првите редови, така и сега, додека е жешко што бара да се плетка на домашен терен постои можност да се изгори, таму каде што е во моментот на службен пат е посекако подобро.

 

Јавноста се прашува до кога хаосот ќе ни биде одлика на нашиот здравствен систем, дали граѓаните на Македонија не заслужуваат подобро? Истото го прашавме и ние!!!

Прашањата ги упативме до граѓаните и ги добивме следните одговори:

Погоре може да ја проследите анкетата и да го осетите незадоволството кое е присутно помеѓу народот, можеби тоа ќе ви покаже министре до каде се отидени работите и дали селото гори или е веќе цело изгорено?